Connect with us

Фудбал

Арсенал го договори англискиот репрезентативец Конса

Првакот на Премиер лигата има нов играч откако постигна договор со Астон Вила и за 59 милиони евра го купи англискиот репрезентативец Езри Конса. Конса е играч од одбраната, а таков играч им беше потребен на „топџиите“.

Ова од причина што имаат сериозни проблеми со повреди играчи на таа линија во тимот. Вилијам Салиба ќе отсуствува подолг период, а на листата на повредени е и Јуријен Тимбер.

Арсенал беше и во преговори со Баер Леверкузен за Џарел Кванса исто англиски репрезентативец, но сепак договорен е поискусниот 28-годишниот Конса.

Астон Вила прво бараше 70 милиони евра за играчот, кој седум сезони мина во клубот, а имаше уште две години од договорот. Конса не беше во составот на Астон Вила на дуелот од Супер купот против ПСЖ.

Фудбалерот својот прв натпревар во дресот на Арсенал би можел да го игра против Астон Вила на 31.август, бидејќи кус е рокот за регистрација за првото коло кое Арсенал го игра во петок (21.август) против Ковентри.