Култура
Документарен филм за кинеската вселенска мисија „Шенжоу 13“ прикажан во Кочани
Во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани синоќа се одржа специјална проекција на документарниот филм „Шенжоу 13“, посветен на кинеската вселенска програма и искуствата на астронаутите за време на нивната мисија во вселената.
На настанот присуствуваа бројни ученици, наставници и други посетители, а специјална гостинка беше амбасадорката на Народна Република Кина во земјава, Џијанг Сјаојан (Jiang Xiaoyan), придружувана од претставник на кинеската амбасада.
Филмот ја претставува кинеската вселенска станица „Тјангонг“ и секојдневието на тројцата астронаути за време на мисијата „Шенжоу 13“, овозможувајќи им на гледачите поблиску да се запознаат со научните достигнувања и истражувањата во вселената.
Проекцијата им понуди на учениците можност на интересен и поинаков начин да стекнат нови знаења за современата наука и технологија, поттикнувајќи ја нивната љубопитност и интересот за вселенските истражувања.
Настанот се одржа во знакот на образованието, науката и културната размена, со цел приближување на кинеските научни достигнувања до младите и поттикнување на нивниот интерес за нови знаења и откритија.
октомври 14, 2026


