Connect with us

Култура

Почнува 11. издание на Киненова со новиот филм на Мирослав Терзиќ „Три недели подоцна“

Единаесетотто издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова почнува вечерва под мотото „На прво светло“, а отворањето е во киното Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, со новиот филм на Мирослав Терзиќ, „Три недели подоцна“. Во главната конкуренција се шест филма, додека во селекцијата за дебитанти се четири први кратки филма на македонски режисери.

Годинешен лауреат на Киненова е турскиот режисер Емин Алпер, кој е и претседател на жирито заедно со Александра Максимовиќ од Хрватска и македонскиот режисер Гоце Цветановски. За филмот „Спасение“ Алпер доби Сребрена мечка на годинешното Берлинале, а на Киненова ќе биде прикажан неговиот прв филм „Зад ридот“ од 2012 за кој на Берлинале доби две награди.

Директорот на ММФ Киненова Небојша Јовановиќ на прес-конференција минатата недела рече дека фестивалскиот визуелен идентитет е широк концепт за доживувањето на филмската уметност, освестување на инстинктот за креирање, но и во една линија поддршка на оние кои почнуваат да ја истражуваат моќта на подвижните слики кои се нарекуваат седма уметност. 

-Сведочиме и дел сме од свет кој е во кој меѓуетнички или меѓуверски драматични судири разговруваат на секој агол. Човештвото е на раб на голема глобална војна, и во таков свет постоењето на еден филмски фестивал добива сериозна одговорност и позив, да ја подигне свеста, да поттикне дијалог и преку силни филмски дела, и авторски ласови и пораки да отвори прашања и да придонесе кон будење и посилен разум. Следствено еден сериозен филмски фестивал поддржан со народни пари од сите нас може да е игра, како што е уметноста, но не може да е улична забава за одредена блиска група на луѓе или начин да се добие матерјална корист, влијание или себепромоција. Киненова го докажа токму тоа. И покрај тоа што ја плаќаме цената на нашата независност, со тоа што ни стагнира поддршката од надлежната институција за фестивалот, сепак, поддршката за оваа наша мисија од филмски создавачи, уметноци од целиот свет, секојдневно се зголемува, а очекуваме наскоро таа да се материјализира и преку директна поддршка од странските фондови – истакна тој.

За филмот на Терзиќ што ќе го отвори фестивалот, Јовановиќ вели дека овој филм не е одбран ни малку случајно за почетокот на новата фестивалска приказна на МФФ Киненова.

Како што кажав фестивалот има непрекинат континуитет во ангажиран пристап кон филмската уметност и сметаме дека силно и директно треба да придонесеме во отворање на дијалог и дискусија за најактуелните и најериозни општествени проблеми кои ја оптеретуваат реалноста во нашата земја. За ова издание тематскиот фокус е насилството помеѓу младите. А филмот на Терзиќ е моќна социјална драма, преку која режисерот прави сериозна и длабока психолошка деконструкција на српското општсетво кое е потонато во апатија и тешка корупција на свеста, чиви последици меѓудругото се и најранливите, оние кои треба да ја носат светлата иднина на едно општество, младите средношколци. И како што вели режисерот Терзиќ, од искуството при создавањето на овој по многу нешта значаен филм, кое било процес на преживување на траумите на младите кои ги играат филмовите: „Филмот не е за булинг, туку за насилството кое постанува секојдневен јазик на изразување младите луѓе“. Исклучително загрижувачко – заклучи Јовановиќ и ја најави соработката на фестивалот Киненова со Општина Кисела Вода преку работилницата за деца „Снимај паметно, остави трага“ под менторство на Марија Џиџева.

На прес-конференцијата минатата недела се обрати градоначалничката на Оштина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, која изрази задоволство од соработката со фестивалот Киненова и посочи дека слоганот „На прво светло“ испраќа силна порака за нови идеи во културата, концепт што Општина Кисела Вода  континуироано го претвора во реалност.

Фестивалот Киненова е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ и од Општината Кисела Вода.

Ad
Ad