Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити продаде фудбалер за 60 милиони евра

Холандскиот репрезентативец Тиџани Рејндерс по само една сезона мината во Манчестер Сити го напушта премиерлигашот. Англискиот клуб го потврди трансферот на нивниот играч во редовите на Ал Кадсија во Саудиска Арабија за сума од 60 милиони евра.

Рејндерс во Манчестер Сити пристигна од 2025 година и одигра 50 натпревари и постигна седум голови.

Во редовите на „граѓаните“ освои два купа – Лига купот и ФА купот. Холанѓанецот упати голема благодарност до навивачите и до сите во клубот.