Connect with us

Вести

Клековски: Вакцините против грип се пристигнати и пријавувањето ќе почне многу бргу

Се разрешуваат последните технички проблеми околу апликацијата на која граѓаните се пријавуваат за вакцинација против сезонски грип и час поскоро ќе почне имунизацијата, најави денеска министерот за здравство, Сашо Клековски кој беше во посета на Клиничка болница-Штип. 

-Апликацијата се разрешува од последните технички проблеми. Знаете дека 18 месеци „Мој термин“ нема договор за одржување. Се разрешуваат тие и ќе биде активна. Се извинувам на граѓаните дека доцниме еден ден во однос на најавеното, меѓутоа вакцините се пристигнати и пријавувањето ќе започне час поскоро – изјави Клековски. 

Прашан кога ќе биде дистрибуцијата на вакцините против сезонски грип до Центрите за јавно здравје, Клековски одговори деновиве ќе се реализира диструбицијата. 

-Веќе се информирани Центрите за јавно здравје. Мислам дека овие денови се завршуваат логистиките, ќе бидат дистрибуирани спрема вообичаената формула на дистрибуција-изјави Клековски кој ја посети Клиничка болница-Штип.

Ad
Ad