Кошарка
Македонските кадети се вратија од -21 и победија со +13 против Швајцарија
Македонската кадетска машка репрезентација ја постигна втората победа на Европското првенство дивизија Б што се игра во Гевгелија откако вечерва со голем пресврт ја совлада Швајцарија со 89:76. По слабото прво полувреме кога противникот доминираше и имаше водство и од 21 разлика, македонските кошаркари во првиот дел губеа со 38:53.
Во второто полувреме македонските кошаркари доминираа на теренот и предноста на противникот се намалуваше, а во последниот период македонскиот тим успеа да стигне и до предност, која во финишот беше и двоцифрена.
Најефикасен беше Илија Коневски со 26 поени.
Македонските кошаркари утре во терминот од 18:30 часот ќе играат против Украина во последниот натпревар од групата во дуел за третото место, откако двете селекции имаат скор две победи и два пораза по четири натпревари.
август 11, 2026
