Кошарка
Србиновски седнува на клупата на КК Соколи
Кошаркарскиот клуб од Штип Соколи од денеска има нов тренер, на клупата седнува Марјан Србиновски, поранешен селектор на македонската репрезентација. Клубот од Штип имаа амбиции за учество во Супер лигата и веќе најавија дека ќе аплицираат за вајлд карта.
Ова беше објавено на денешната прес-конференција на која присуствуваше и градоначалникот Иван Јорданов и воедно потенцираше дека градот ќе „застане“ зад клубот и да се натпреварува во најквалитетното кошаркарско натпреварување.
Србиновски во својата тренерска кариера има работено и во неколку македонски екипи.
Екипата со тренинзи треба да почне во следните неколку дена, а планирани се неколку домашни засилувања, како и најмалку тројца странски кошаркари.
Соколи ако добие дозвола за настап во Супер лигата од страна на кошаркарската федерација, натпреварите ќе ги игра во новиот спортски центар „Џексон“.
август 11, 2026
