Connect with us

Останати спортови

Симбу победник, Ивановски заврши на 58. место на маратонот на СП во Токио

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски го освои 58. место на Светско првенство во атлетика кое се одржува во Токио.

Ивановски патеката ја помина со време два часа, 26 минути и 31 секунда.

На Мундијалскиот маратон учествуваа 90 маратонци од кои 66 поминаа низ целта.

Златниот медал го освои Алфонс Феликс Симбу од Танзанија (2:09.48 часа), среброто е за Аманал Петрос од Германија (2:09.48), додека бронзениот медал му припадна на Илиас Ауани од Италија (2:09:53).