Connect with us

Фудбал

Ливерпул подготви понуда за Баркола, а ПСЖ бара повеќе пари

Повеќекратниот првак на Англија, Ливерпул како главна цел за овој преоден рок го има францускиот репрезентативец Бредли Баркола. Французинот не е задоволен од статусот што го има во европскиот првак ПСЖ и го нема продолжено договорот со клубот.

Според францускиот Л ’Екип, тимот од Енфилд се очекува да понуди 115 милиони евра за Баркола, со дополнителни бонуси. Но, за очекување е францускиот клуб да ја одбие оваа понуда бидејќи нивното барање е 150 милиони евра без бонуси.

Според информациите на францускиот медиум, Баркола веќе ги има договорено своите услови со Ливерпул, а преговорите меѓу двата клуба се очекува да продолжат.

Премиер лигата стартува на 21.август (петок), а Ливерпул првиот дуел го игра на гостински терен против Њукасл.