Connect with us

Останати спортови

Италијанскиот мотоциклистички тркач Котини почина по повреди на трка

Италијанскиот мотоциклистички тркач Габриеле Котини почина по повредите здобиени во несреќа за време на трка. Имаше 39 години.

– Во знак на жалост, немаше прослава на подиумот по трките. Споменот на Габриеле Котини ќе живее во нашите срца, соопшти Италијанската мотоциклистичка федерација во соопштение на својата веб-страница.

Несреќата се случи за време на трката „Dunlop Cup 600“ на патеката Кремона. 

По инцидентот, Котини бил хоспитализиран, но лекарите не можеле да го спасат спортистот.