Вести
За прв пат Уставниот суд пријави судија од Граѓанскиот суд за ингорирање на нивна одлука
Уставниот суд го известил Јавното обвинителство и Судскиот совет дека судија од Основниот граѓански суд Скопје, кој постапувал во предметот на новинарката Наташа Стојановска, не ја извршил Одлуката на Уставниот суд и не овозможил остварување на уставните слободи и права на подносителката иако тие биле утврдени со неговата Одлука.
Уставниот суд првпат од своето постоење примени нов механизам за извршување на одлуките, кој овозможува заштита на сопствените одлуки, предвидено со Актот на Судот кој стапи во сила од септември 2024 година.
-Конечноста и извршноста на одлуките на Уставниот суд се заштитени и со кривично-правни санкции во случај кога не се извршуваат. Ова кривично дело, вклучувајќи го и прашањето дали постои одбивање за извршување и кривична одговорност на определено лице, спаѓа под ингеренции на надлежното јавно обвинителство и надлежниот суд – соопшти Уставниот суд.
Предметот по кој одлучуваше Уставниот суд и утврди повреда на слободите и правата на Наташа Стојановска се однесува на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.
август 7, 2026
