Хроника
Лишено од слобода едно лице во Скопје, пронајдена и одземена дрога
Полициски службеници лишиле од слобода едно лице во Скопје, откако кај него е пронајдена и одземена дрога.
-На 04/05.08.2026, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ во Скопје извршен е преглед на Ј.Б., С.В. и Д.П.. При тоа, кај Д.П. се пронајдени и одземени две тегли во кои имало вкупно 25 пакувања марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана. Д.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Ѓорче Петров, каде по насоки на јавен обвинител е задржан за понатамошна постапка – соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот, против Д.П. ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 ст.1 од Кривичниот законик.
август 5, 2026
