Connect with us

Хроника

Две пријави за пукање при семејни веселби на скопската територија

Две пријави за пукање при семејни веселби биле евидентирани во текот на вчерашниот ден.

Како што денеска информираа од Министерството за внатрешни работи, станувало збор за прослави на скопската територија.

– Вчера во 14:50 часот во СВР – Скопје е пријавено дека околу 12 часот во двор од куќа во скопско Сарај, сопственост на Н.С., на возраст од 62 години, за време на семејна прослава, имало пукање со огнено оружје. Полициски службеници од СВР – Скопје излегле на местото на настанот и пронашле 23 испукани чаури од огнено оружје, кои се подигнати за понатамошна постапка – појаснија од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител и како што додадоа од МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Подоцна, во 22:40 часот во скопско Бојане, полициски службеници од СВР – Скопје го привеле 35-годишниот М.Д., по претходна пријава дека за време на семејна веселба, пукал со гасен пиштол.

– По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок – додадоа од МВР.