Connect with us

Свет

Зеленски: Украина е подготвена за сите формати на разговори со САД за постигнување мир

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вечерва изјави дека Киев е подготвен за сите формати на состаноци со САД за постигнување мир преку преговори.

Украинската дипломатија е „во секојдневен контакт со претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп“ за процесот на преговори со Русија и е подготвена за „сите формати на состаноци, изјави Зеленски во секојдневното вечерно обраќање до нацијата.

Сметаме на (американските пратеници) Стив Виткоф и Џаред Кушнер да бидат активни во текот на август, посочи Зеленски.

Тој додаде и дека продолжуваат дипломатските напори „со други партнери, особено во земјите од Заливот“, додавајќи дека сè уште не може да открие детали.