Connect with us

Хроника

Во текот на изминатиот викенд 34 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило

Полициски службеници во текот на изминатиот викенд на целата територија на државата, полициските лишија од слобода 34 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 23 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, девет лица управувале под дејство на алкохол, едно лице управувало нерегистрирано возило и без возачка дозвола, а едно лице управувало без возачка дозвола и под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

-Министерството за внатрешни работи апелира сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без возачка дозвола, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, ниту под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот е заедничка обврска и клучен предуслов за поголема безбедност на сите граѓани – се додава во соопштението.