Connect with us

Хроника

Лишен од слобода возач откако возел со 220 илометри на час на автопат

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија денеска во 08:41 часот на автопатот А1 на паркингот Милетково го лишиле од слобода косовскиот државјанин Ш.З.(36), поради возење со 220 километри на час.

Како што соопшти МВР при контрола на сообраќајот било утврдено дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки со брзина од 220 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 120 километри на час.

Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.