Connect with us

Свет

Унгарија воведе уредба за можно исклучување на големите потрошувачи доколку не ја намалат потрошувачката на струја

Владата на Унгарија донесе уредба со која се предвидува големите потрошувачи кои нема да ја намалат потрошувачката на струја да можат да бидат исклучени од снабдувањето со електрична енергија, пренесе унгарскиот портал „Индекс“.

Унгарскиот премиер Петер Маѓар соопшти дека мерката стапила во сила синоќа во 19:00 часот.

„Во овој момент е објавена владината уредба која стапува во сила во 19:00 часот и овозможува големите индустриски потрошувачи да се исклучат од снабдувањето со електрична енергија доколку не го спроведат бараното намалување на потрошувачката“, напиша тој на својот профил на Фејсбук, откако претходно вчера од унгарската нуклеарна електрана „Пакш“ беше соопштено дека поради дополнителниот пад на водостојот на Дунав условен од сушниот период, ќе биде исклучен турбогенераторот на првиот блок на таа централа.

Целта на мерката е зголемување на отпорноста на домашниот електроенергетски систем на пазарните неизвесности и меѓународните нарушувања.

Претходно вчера, од унгарската нуклеарна електрана „Пакш“ соопштија дека поради понатамошниот пад на водостојот на Дунав условен од сушниот период, ќе биде исклучен турбогенераторот на првиот блок. Од централата порачаа дека стручњаците работат 24 часа дневно, за и во екстремни временски услови да се одржи безбедното функционирање на постројката.

Унгарскиот премиер претходно најави дека се очекува целосно запирање на нуклеарната електрана до средината на следната недела. Повторното пуштање во работа ќе зависи од нивото на Дунав, а според проценките би можело да трае околу една недела. Електраната ќе биде повторно рестартирана штом количината на врнежи во сливот на Дунав ќе биде доволна за стабилизација на водостојот.