Хроника
Вандализам во Струшко, оштетени 14 надгробни споменици на гробиштата во село Боровец
Осквернавени гробови во кругот на црквата „Света Богородица“ во струшкото село Боровец, полицијата презема мерки за расчистување на случајот, соопшти денеска СВР Охрид.
Според МВР, вчера во 18 часот и 30 минути во полициското одделение во струшкото село Велешта било пријавено дека во кругот на црквата „Света Богородица“ во селото Боровец биле осквернавени 14 гробови на тој начин што биле оштетени мермерните плочи.
Увид на местото, како што е наведено, извршиле полициски екипи и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.
август 1, 2026
