Фудбал
Дешан: Имаме обезбедено учество во плејофот, но со Норвешка ќе се бориме за првото место во групата
Селекторот на Франција, Дидие Дешан е задоволен од двете победи по првите две кола на Светското фудбалско првенство 2026. Сепак, тој го смета за многу важен дуелот со Норвешка за првото место.
Французите вчеравечер го совладаа Ирак со 3:0.
– Во второто полувреме имавме целосна контрола, со оглед на тоа што не беше лесно, со оглед на тоа што се случи. Но, постигнувањето на резултатот што ни беше потребен е многу добро. Се пласиравме во нокаут фазата, иако сум убеден дека третиот натпревар против Норвешка ќе биде одлучувачки за нашето конечно место во групата, истакна Дешан на официјалната веб-страница на ФИФА.
Франција и Норвешка се на првите две позиции во И-групата со обезбедено место во плејофот. Сенегал и Ирак се без освоен бод.
Во третото коло, Франција ќе игра против Норвешка, додека Ирак ќе се соочи со Сенегал.
јуни 24, 2026

