Connect with us

Фудбал

СП 2026: За Барбарез третиот натпревар ќе биде клучен

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина синоќа во Лос Анџелес го претрпе првиот пораз на Светското првенство откако загуби од Швајцарија со 4:1. Сите пет голови беа постигнати од 74.минута до крајот на дуелот.

–  Знаеме каков е системот. Секако дека размислувавме за овие ситуации. Но, имаме и трет натпревар и ништо не е изгубено. Мора да го добиеме тој последен натпревар, секако, ако сакаме да одиме понатаму. Ќе одвоиме еден или два дена за да се одмориме. Ќе се обидеме да ги забавуваме момците. Не сакам да мислат само на фудбал, а потоа ќе се подготвиме за следниот натпревар. Овој пораз е огромен за нас и не сакаме да губиме играчи поради црвени картони. Но, не сакам да се жалам. Мислам дека имаме доволен број добри играчи да го заменат. Нашиот почеток не беше добар, но од паузата за хидратација до голот бевме подобриот тим. Примивме гол врз основа на индивидуална грешка, а потоа добивме и црвен картон. Дури и многу поискусните тимови имаат проблеми со тоа. Значи, периодот до голот беше доста ветувачки, изјави на прес конференцијата селекторот на БиХ, Сергеј Барбарез.

Во дуелот од 3.коло од групата БиХ ќе играат против Катар, а натпреварот се игра на 24.јуни во Сиетл

Ad
Ad