Connect with us

Фудбал

СП 2026: Хет-трик на Дејвид во триумфот на Канада

Репрезентацијата на Канада оствари убедлива победа од 6:0 против Катар на ноќешниот дуел од 2.коло од групата Б одигран во Ванкувер. Јунак на натпреварот беше Џонатан Дејвид кој постигна три голови, а репрезентацијата на Катар дуелот го заврши со девет играчи поради двата црвени картона на Хомам Ахмед (33.минута) и Асим Мадибо (51.минута).

Канада поведе во 16.минута со голот на Клај Ларин, а до крајот на првиот дел Џонатан Дејвид постигна два гола (29 и 45+3.минута). На 4:0 зголеми Нејтан Салиба во 64.минута, а потоа Мохамед Манаи во 75.минута постигна автогол. Конечните 6:0 ги постави Дејвид со својот трет гол во 90+2 минута.

На првиот дуел од групата Швајцарија ја победи БиХ со 4:1.

На чело на табелата е Канада со 4 бодови, колку што има Швајцарија, а БиХ и Катар имаат по еден бод.

Во последното коло од групата играат: Канада – Швајцарија и БиХ – Катар.

Ad
Ad