Connect with us

Фудбал

СП 2026: За репрезентативец на Брегот на Слоновата коска нема влез во Канада

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска Елји Вахи не му е дозволен влез во Канада. Од таа причина ќе го пропушти саботниот натпревар против Германија.

Напаѓачот на Ница беше уапсен кон крајот на минатиот месец поради учество во наместен резултат во француската Лига 1. Тој е обвинет дека намерно добил жолт картон на дуелот против Мец.

Фудбалската федерација на БСК издаде соопштение дека не се информирани за никаква судска или административна постапка, но сепак потврдија дека играчот не добил виза за влез во Канада.

Вахи ќе остане во САД и ќе се подготвува за следниот дуел на неговата репрезентација против Куросао во Филаделфија.

Ad
Ad