Фудбал
Романо: Аморим ќе биде новиот тренер на Милан
Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, ќе го преземе Милан, објави инсајдерот Фабрицио Романо.
Според Романо, 41-годишниот Португалец ќе потпише договор со Милан оваа недела. Важноста на договорот ќе биде до летото 2028 година, со опција за продолжување на договорот за една година.
Аморим е без ангажман, откако беше отпуштен од Манчестер јунајтед во јануари оваа година. Претходно работеше во Спортинг Лисабон.
На 25 мај, Милан објави дека ги отпушти главниот тренер Масимилијано Алегри, генералниот менаџер Џорџо Фурлани, спортскиот директор Игли Таре и техничкиот директор Џефри Монкада.
Милан ја заврши сезоната на петтото место во Серија А со 70 бода и нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона.
јуни 15, 2026


