Свет
Кибер-напад ги наруши банкарските услуги во Иран
Електронските банкарски услуги во Иран беа сериозно нарушени по кибер-напад чија цел беа неколку државни банки, што привремено оневозможи извршување на онлајн плаќања, пренесе ДПА.
Според синоќешниот извештај на иранскиот бизнис медиум „Егтесад Њуз“ (Eghtesad News), Советот за банкарска координација на земјата ги потврди инцидентите, но соопшти дека пречките во меѓувреме се отстранети и дека онлајн трансакциите повторно функционираат нормално.
Иранската хакерска група „Црни волци“ (Black Wolves) презеде одговорност за нападот.
„Се случува тивка војна, Иран е под кибер-напад“, напиша групата на Телеграм.
Жители на Техеран пријавија дека електронските плаќања одеднаш престанале да работат во супермаркетите, рестораните и бензинските пумпи, принудувајќи некои бизниси рачно да ги евидентираат купувањата за подоцнежна наплата. Според извештаите, засегнати биле четири големи државни банки и бројни банкомати во главниот град.
јуни 14, 2026

