Connect with us

Свет

Гроси: МААЕ е подготвена да го верификува секој нуклеарен договор меѓу САД и Иран

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска изјави дека неговата агенција е подготвена да го верификува секој нуклеарен договор меѓу САД и Иран, нагласувајќи дека мониторингот и верификацијата би биле клучни мерки доколку се постигне таков договор.

„Најважното нешто во врска со агенцијата е верификацијата, а фактот дека ние ќе бидеме дел од резолуцијата е многу важна формалност што мора да постои“, рече Гроси.

Тој, исто така, нагласи дека секој таков договор би барал сеопфатни мерки за надзор.

САД и Иран, со посредство на Пакистан и Катар, и учество на Египет и Турција, како што се очекува, денеска треба да одржат виртуелен состанок и електронски да го потпишат меморандумот за разбирање со кој ќе се продолжи прекинот на огнот за 60 дена, повторно ќе се отвори Ормуската Теснина и ќе започнат нови преговори за иранската нуклеарна програма, објави синоќа „Аксиос“, повикувајќи се на свои извори.

Ad
Ad