Connect with us

Свет

Американски претставник со детали за напредокот во преговорите со Техеран, договорот е 85 отсто сигурен

Висок функционер на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во телефонски разговор со новинарите, изнесе детали за напредокот на преговорите со Иран, според кои Техеран се обврзува на неодредено време целосно да се откаже од нуклеарното оружје.

Како што пренесува „Скај Њуз“, иранските претставници блиски до врховниот водач Моџтаба Хамнеи наводно се задоволни од текот на преговорите, но американскиот функционер не потврди дали самиот ајатолах веќе го дал конечното одобрение за спогодбата.

И покрај одредени отворени прашања, неименуваниот функционер изјави дека се 85 отсто сигурни оти договорот ќе биде потпишан, иако локацијата за свечената церемонија сè уште не е одредена. Тој изрази уверување дека кон договорот ќе се приклучи и Израел, и покрај неговите континуирани напади врз Либан. Претходно, Иран како услов за постигнување каков било договор го поставуваше токму запирањето на тие напади.

Што се однесува до конкретните ирански нуклеарни обврски, американскиот претставник појасни дека Техеран се обврзува дека на неодредено време нема да гради ниту пак ќе набавува нуклеарно оружје. Оваа обврска, како што беше соопштено, вклучува целосно демонтирање на програмата за нуклеарно оружје и ставање на нуклеарните постројки надвор од погон.

Според неговите зборови, Иранците исто така се обврзале да го уништат и да го отстранат целиот збогатен нуклеарен материјал, но ќе биде потребно дополнително време за прецизно да се разработи начинот на кој тој процес ќе се спроведе на терен.

Ad
Ad