Connect with us

Свет

Арагчи: Меморандумот од Исламабад никогаш не бил поблиску, но медиумите да не шпекулираат

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави денеска дека „Меморандумот за разбирање од Исламабад“ во врска со американско-израелската војна против Иран „никогаш не бил поблиску“, но истовремено ги повика медиумите да се воздржат од шпекулации за неговата содржина додека документот не биде финализиран.

Арагчи додаде дека сите детали ќе и бидат соопштени на јавноста во соодветен момент, во рамките на, како што го нарече, одговорниот и транспарентен пристап на Техеран.

Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп претходно денеска изјави дека коментарите на Иран кои протекоа во медиумите во врска со договорот со САД немаат никаква врска со условите што всушност биле договорени.

„Тоа што го кажаа, вклучително и нивната слаба и јадна изјава за склучување на договор, нема никаква врска со вистината. Многу нечесни луѓе за соработка. Со нив не постои такво нешто како добронамерно преговарање. НЕВЕРОЈАТНО!“, напиша претседателот на САД во објава на својата социјална платформа „Трут Соушал“ (Truth Social).

„Покрај тоа, нивниот целосно одбиен напад со беспилотни летала во текот на изминатата ноќ врз индиски бродови кои ја напуштаа Ормуската Теснина е ЦЕЛОСНО НЕДОЗВОЛИВ. Подобро е да станат поодговорни и тоа БРЗО!“, додаде Трамп.

Ad
Ad