Connect with us

Свет

Засилено полициско присуство пред ЦИК во Ереван по изборните спорови

Полициски единици се распоредени пред зградата на Централната изборна комисија (ЦИК) во Ереван во контекст на повиците на опозицијата за протести по парламентарните избори во Ерменија.

Според локалните медиуми, пред зградата се наоѓаат неколку десетици припадници на специјалната единица позната како „црни беретки“.

Ситуацијата е мирна, а собраните граѓани се однесуваат без инциденти, додека локалните медиуми ги следат случувањата. Полициските службеници се распоредени во помали групи и го надгледуваат просторот околу ЦИК.

Денеска и претставници на блокот „Силна Ерменија“, предводен од бизнисменот Самвел Карапетјан, поднесоа барање за поништување на резултатите од парламентарните избори.

Според прелиминарните резултати до 8 јуни, владејачката партија „Граѓански договор“ на премиерот Никол Пашињан освоила 49,81 отсто од гласовите, додека блокот „Силна Ерменија“ добил 23,29 проценти.

Конечните изборни резултати се очекуваат на 14 јуни.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Москва ги следи извештаите за наводни нерегуларности за време на изборите, додека портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова оцени дека во изборниот процес било забележано „невообичаено мешање на Западот“.

Ad
Ad