Фудбал
Јувентус заинтересиран за дефанзивецот на Сити, Стоунс
Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус е заинтересиран да го ангажира 32-годишниот англиски репрезентативен дефанзивец Џон Стоунс, јавија денеска италијанските медиуми.
Јувентус има ограничен буџет на располагање во летниот преоден рок, откако не обезбеди пласман во Лигата на шампионите, а трансферот може да се реализира без обесштетување, бидејќи договорот на Стоунс со премиерлигашот од Манчестер истекува на крајот на овој месец.
Стоунс го носеше дресот на Манчестер сити изминатите десет години и освои шест титули во Премиер лигата, три ФА купа, три Лига купа и титулата во Лигата на шампиони Европски шампион во 2023 година.
Сепак, минатата сезона одигра само 19 натпревари поради повреди. И покрај ова, селекторот на Англија, Томас Тухел, го вклучи во списокот репрезентативци за Светското првенство.



