Connect with us

Кошарка

Една победа го дели Њујорк од шампионскиот трофеј во НБА

Њујорк никс ноќеска го победи Сан Антонио спарс со 107:106 во четвртиот натпревар од финалето на НБА-лигата.

Домаќините се вратија од 29 поени негатива и на крајот се радуваа на победата.

Најефикасен на дуелот одигран во „Медисон Сквер Гарден“ беше Џејлен Брансон, кој постигна 36 поени. 

Најдобар стрелец во поразениот тим беше Виктор Вембањама, кој имаше дабл-дабл од 24 поени и 13 скока.

Никс сега водат во серијата со 3-1. Петтиот натпревар ќе се одржи на 14 јуни, на теренот на Спарс во 2:30 часот по македонско време.

Ad
Ad