Connect with us

Кошарка

Почина легендарниот литвански тренер Владас Гарастас

Поранешниот селектор на Жалгирис и репрезентацијата на СССР, Владас Гарастас, почина на 94-годишна возраст, соопшти литванскиот клуб.

– Во име на целата организација, изразуваме најдлабоко сочувство до семејството, пријателите и најблиските на тренерот“, се вели во соопштението на клубот.

Гарастас го тренираше Жалгирис од 1979 до 1989 година, водејќи го тимот до три шампионски титули на СССР. Во 1986 година, под негово водство, клубот го освои Интерконтиненталниот куп, а исто така стигна до финалето на Купот на шампионите на ФИБА.

Од 1989 до 1991 година, Гарастас беше главен тренер на репрезентацијата на СССР, а од 1992 до 1997 година ја тренираше репрезентацијата на Литванија. Од 1991 до 2011 година, тој ја предводеше Литванската кошаркарска федерација.

Како главен селектор на литванската репрезентација, тој освои два олимписки бронзени медали и еден сребрен медал од Европското првенство.

Ad
Ad