Кошарка
Вембањама го сруши рекордот на Мутомбо за блокади на дебито во плејофот на НБА
Центарот на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, забележа три блокади ноќеска на третиот натпревар од финалето против Њујорк никс.
Сан Антонио го доби натпреварот на теренот на противникот со 115:111 и намали на 1:2 во серијата прв до четири победи.
Вембањама, играјќи во својата прва плејоф сезона, го зголеми својот вкупен број на 70, надминувајќи го рекордот на Дикембе Мутомбо за најмногу блокади во дебито во плејофот.
Во 1994 година, Мутомбо забележа 69 блокади во 12 натпревари од плејофот. Натпреварот беше 20-ти за Французинот во разигрувањето за трофејот во НБА-сезоната 2025/26.
јуни 10, 2026


