Фудбал
Ираола и официјално нов менаџер на Ливерпул
Шпанскиот фудбалски тренер Андони Ираола е нов менаџер на Ливерпул. Тој го наследува Арне Слот, кој изминатава сезона не ги постигна очекуваните резултати и претходната недела доби отказ.
Ираола реши да го напушти премиерлигашот Борнмут, откако со екипата успеа да избори учество во европски натпреварувања.
– Навистина е возбудено, бидејќи, очигледно, знаете за Ливерпул. Знаете дека е голем клуб, огромен клуб, еден од најголемите во светот, но чувствувајќи се внатрешно и разбирајќи малку повеќе за овој клуб, секогаш мислев дека е посебен клуб, изјави Ираола.
Ираола со Ливерпул потпиша две годишен договор.
јуни 5, 2026


