Connect with us

Фудбал

На СП2026 најмногу фудбалери од Манчестер сити и англиските клубови

Рекордни 1.248 фудбалери од 449 клубови од 71 држава се регистрирани за претстојното Светско првенство, а најмногу од Манчестер Сити, вкупно 19.
Следуваат минхенски Баерн со 18, Арсенал и ПСЖ со по 16 и Барселона со 15 фудбалери.
Најмногу фудбалери настапуваат за англиски клубови – 205. Во германските клубови играат 108 фудбалери кои ќе настапат на Светското првенство, додека 86 од нив играат во Франција и Шпанија. Следуваат Италија (71), Саудиска Арабија (48) и САД (48) …
Шкотскиот голман Крег Гордон ќе биде највозрасниот на Светското првенство со 43 години и 162 денови, а Мексиканецот Жилберто Мора ќе биде најмладиот со 17 години и 240 денови.
Највозрасен селектор ќе биде Холанѓанецот Дик Адвокат, кој го предводи Курасао со 78 години и 257 денови, додека најмлад е Германецот Јулијан Нагелсман (38 години и 323 денови).
За Аргентинецот Лионел Меси, Португалецот Кристијано Роналдо и Мексиканецот Гиљермо Очоа, ова ќе биде рекордно шесто светско првенство.

Ad
Ad