Connect with us

Свет

САД ќе го пренесуваат во живо стрелањето на осуденикот Нидал Хасан

САД преку пренос во живо ќе го прикажат извршувањето на смртната казна со стрелање врз Нидал Хасан, закажано за 3 декември, соопшти претставник на Пентагон.

Хасан во ноември 2009 година застрела 13 лица во напад извршен во воената база Форт Худ во Тексас, каде работел како воен психијатар.

Тој ќе биде првиот осуденик што ќе биде стрелан во САД од 1945 година.

Неименуваниот претставник на Пентагон не даде дополнителни информации, туку најави дека деталите ќе бидат објавени подоцна. 

Ad
Ad