Фудбал
Над половина фудбалери и селектори примиле навреди за време на СП2026
Повеќе од половина од 1.606 фудбалери, селектори и официјални лица примиле навредливи пораки преку социјалните мрежи за време на Светското првенство кое ова лето се одржа во Северна Америка, објави денеска Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
Со анализата, спроведена од 9 јуни до 20 јули на платформите Икс, Инстаграм, Фејсбук и Тик Токк, биле опфатени 1.606 лица (1.248 играчи, 188 тренери и персонал, 170 службени лица на натпревари) и 48 официјални профили на националните тимови.
Анализирани биле повеќе од 17,1 милиони објави и коментари, од кои 477.217 биле означени како потенцијално дискриминаторски од страна на системот за вештачка интелигенција Threat Matrix. Од нив, 240.676 објави биле потврдени како злоупотребувачки по човечки преглед и насочени кон 812 лица.
Најчеста форма на дискриминација бил расизмот, сочинувајќи 12% од сите злоупотреби. Дури 84 проценти од сите злоупотреби биле насочени кон фудбалерите, 11 проценти кон селекторите и пет отсто кон судиите и другите службени лица.
Француските играчи биле најчеста цел на злоупотреба на сите платформи, со повеќе од 18.000 регистрирани случаи на злоупотреба.
Еден фудбалер, чиј идентитет не е обелоденет, бил цел на повеќе од 10.000 навредливи пораки.
Најголемиот дел од навредите биле испратени од Европа, 18.700 такви случаи, а најголем дел поединечно од Велика Британија, речиси 7.500, по што следуваат Соединетите Американски Држави, со повеќе од 7.350 случаи на злоупотреба.
октомври 10, 2026


