Connect with us

Свет

Романскиот парламент ја отфрли кандидатурата на Зигфрид Мурешан за премиер

Рманскиот парламент денеска ја отфрли кандидатурата на европратеникот Зигфрид Мурешан за функцијата премиер, предложена од романскиот претседател Никушор Дан, што ја продлабочи политичката криза во земјата што започна со распадот на владејачката коалиција во мај и отвори можност за одржување вонредни парламентарни избори, пишува Политико.

Кандидатурата на Мурешан беше отфрлена од пратениците на гласањето во парламентот, што е вторпат парламентот формално да го отфрли кандидатот на претседателот Дан за функцијата премиер, наведува бриселскиот портал.

Според романскиот Устав, неуспехот да се избере влада отвора можност за распуштање на парламентот и распишување предвремени избори.

Дан, сепак, не сака да го распушти парламентот, бидејќи, според проценките, тоа би можело да и користи на крајно десничарската Алијанса за обединување на Романците (AUR), која во моментов води на анкетите, објаснува бриселскиот портал.

Романскиот претседател нагласи дека политичките лидери треба да ги надминат меѓусебните несогласувања и да постигнат договор за формирање нова владејачка коалиција.

„Политичарите треба да се свртат кон луѓето кои им го дале мандатот. Кога огромното мнозинство Романци велат дека оваа криза треба да заврши, постои голема веројатност политичарите да бидат убедени да постигнат договор“, рече Дан.