Connect with us

Фудбал

Зидан: Имам на располагање многу добри фудбалери

Француската репрезентација со две минимални победи стартуваше во Лига Нации. Двете постигнати на гостински терен од 1:0, а новиот селектор Зинедин Зидан се осврна на тоа со каков ростер располага.

– Едно е сигурно, имам играчи на располагање кои се сите многу добри, па, на крајот на краиштата, од мене зависи да ги донесам одлуките. Иако имаше девет промени, тие покажаа дека сите се целосно посветени, и тоа е она што е навистина важно. Клучната работа беше да сфатиме дека, да, ги менуваме играчите, но тоа не го менува целокупниот пристап што сакаме да го имплементираме или што тие сакаат да пренесат на теренот. Малите идеи што сакаме да ги примениме во пракса, поседувањето на топката, што значи трчање со топката, наместо да ја бркаме, затоа што ние сме Французи. Не сакаме да ја бркаме топката. Од време на време, мора да го правиме тоа, и го правиме добро, но претпочитаме да ја имаме, а кога имате квалитетни играчи како тие, па, ја нагласувам важноста на задржувањето на топката и создавањето движење и ритам, и токму тоа го направија, изјави Зидан.

Во следните два натпревара Франција ќе биде домаќин на Стад Д”Франс против Италија и Белгија. Франција е прва во својата група со 6 бодови, пред Белгија и Италија со по 3, а Турција нема бод.