Фудбал
Жиру најверојатно ја игра последната сезона
Поранешниот француски репрезентативец Оливие Жиру најверојатно ја игра последната сезона. Во интервју за францускиот Л“ Екип зборуваше за актуелната сезона во дресот на Лил, но и дека ова му е последна сезона како играч.
– Уживам во секој момент, изјави светскиот првак со Франција од 2018 година.
Жиру кариерата ја почна во Гренобл во 2006 година, а настапуваше и за Монпеље. Тој најдобриот период од кариерата го мина во Премиер лигата, каде во Арсенал настапуваше 5,5 години и во Челзи 3,5 години. Во продолжението на кариерата го носеше и дресот на Милан, а продолжи и во Лос Анџелес во САД.
За репрезентацијата на Франција има одиграно 137 натпревари и постигнал 57 голови и е еден од најуспешните во историјата на „триколорите“.
Како член на француската репрезентација беше светски првак во 2018 година, а со Челзи во 2019 година ја освои Лига Европа и во 2021 година ја освои Лигата на шампионите.
На теренот на Арсенал во Лондон ќе се врати на 13.октомври на дуел од Лигата на шампионите меѓу Арсенал и неговиот сегашен клуб Лил.
септември 30, 2026
