Вести
Премиерот најави нова тура кадровски промени: За две недели ќе се знае кој останува, а кој заминува
Во текот на следните една-две недели ќе биде одлучено за заменик-министрите – соопшти премиерот Христијан Мицкоски откога со реконструкцијата во јули Владата доби осум нови министри.
– Јас горе-долу имам што, каде и како, така што ќе треба коалициски да седнеме и да го потврдиме тоа во текот на следните една-две недели – рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ за трета фаза од ревитализацијата на хидроелектраните.
Во врска со Изборниот законик и дали ги прифаќаат забелешките на опозицијата, премиерот одговори дека првин очекува опозицијата во Собранието консолидирана да излезе со став.
– Тука мислам, пред сè, на парламентарната опозиција – СДСМ, Левицата и Демократската унија за интеграција, нека излезат со став, па тогаш би можеле да коментираме. Вака не можеме да коментираме. Очекувам обединетата опозиција во Македонија – СДСМ, ДУИ и Левицата, да излезат со став за да може да дадеме коментар – додаде Мицкоски.
септември 29, 2026
