Connect with us

Фудбал

Олисе и донесе победа на Франција над Белгија

Франција ја победи Белгија со 1:0 во второто коло од Групата А1 од Лигата на нации на УЕФА. Мајкл Олисе го постигна единствениот гол на натпреварот во 88. минута. Рајан Черки беше асистент. Двајцата играчи влегоа од клупата во 77. минута.

Натпреварот се одигра синоќа на стадионот „Крал Бодуен“ во Брисел.

Франција на овој натпревар настапи без својот најдобар фудбалер Килијан Мбапе кој се повреди пред пет дена во натпреварот со Турција.

„Триколорите“ се лидери на табелата со максимални шест бода, Белгија е втора со три.

На 2 октомври, Белгија ќе игра против Турција во третото коло од групната фаза на Лигата на нации, додека Франција ќе се соочи со Италија.