Connect with us

Култура

Австриска вечер со битолски ритам на ИФФК „Браќа Манаки“

Амбасадата на Австрија и Австрискиот Почесен конзулат во Битола на ИФФК „Браќа Манаки“ приредија австриска вечер на која во фокусот беше проекцијата на австрискиот филм „Rose“ во режија на Маркус Шлајнцер.

Филмот беше прикажан во официјалната конкуренција на фестивалот „Браќа Манаки“, а по проекцијата австриската кинематографија, во една приказна се поврза со македонска музика, посочија од австрискиот Почесен конзулат во Битола.

-Во приказната важно место има австрискиот почесен конзул во Битола, Игор Божиновски, долгогодишен пријател и партнер на фестивалот и на уметничкиот живот во градот. Преку континуираната поддршка и присуство, конзулатот е дел од мостот што ги поврзува австриската и македонската културна сцена, нагласија организаторите на Австриската вечер во Битола.

Гостин на културно уметничкиот настан беше градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.