Connect with us

Политика

Партијата на Таравари со поддршка за кандидатот на ДУИ за градоначалник на Брвеница

Организацискиот совет на Алијансата за Албанците едногласно ја потврди целосната поддршка за кандидатурата на Аркин Јахиу, кандидат на АКИ за градоначалник на Општина Брвеница, соопшти партијата по состанокот одржан во нејзиното седиште во Тетово.

Од Алијансата за Албанците најавуваат дека ќе ги ангажираат сите свои структури и активисти за, како што велат, победнички резултат во Брвеница.

„Обединувањето на албанскиот глас и соработката во рамките на АКИ се од суштинско значење за општината да има претставување што ја одразува волјата на мнозинството нејзини граѓани“, се наведува во соопштението.

На состанокот се дискутирало и за завршувањето на внатрепартиските избори во преостанатите ограноци, како и за подготовките за претстојниот Конгрес на Алијансата за Албанците.

„Обединети во Брвеница. Организирани и одлучни за посилна Алијанса“, порачаа од партијата.