Connect with us

Архива

Медведев ги отфрли обвинувањата дека Русија стои зад нападот на аеродромот во Лајпциг

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска ги отфрли обвинувањата дека неговата земја го организирала нападот врз германскиот аеродром Лајпциг/Хале, велејќи дека станува збор за „измислена саботажа“.

На својот профил на Телеграм тој напиша дека нема докази за руска вмешаност во тој инцидент и дека Германија, поради тие лажни обвинувања, заслужува удар врз производството на воена опрема за Киев, објавија руските медиуми.

„Берлин упати обвинувања за недокажан напад врз аеродромот во Лајпциг. Со оглед на неонацистичкиот, многу русофобичен курс на сегашното раководство на Германија, измислената диверзија е најслабата форма на казна за нивните гревови. Тие заслужуваат директен удар врз сите германски објекти за производство на воена опрема за Бандеровата клика. И сосема веројатно неколку други локации во Берлин“, напиша Медведев.

Дрон со експлозивна направа беше откриен во август на аеродромот Лајпциг/Хале, во источна Германија, во близина на украински товарни авиони, напиша Би-би-си.

Германија објави дека Русија стои зад инцидентот.