Архива
Фирмино: Се обидувам да ги гледам сите натпревари на Ливерпул
Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Роберто Фирмино продолжува да го следи англискиот тим.
– Поминаа три години откако си заминав, но сепак се обидувам да ги гледам сите натпревари на Ливерпул. Овој клуб значи многу за мене и моето семејство. Луѓето таму секогаш ни дадоа вистинско добредојде. Имаме толку многу прекрасни спомени. Дефинитивно ќе се вратам на „Енфилд“ еден ден. Тоа е посебно место. Би сакал да се вратам и да играм за легендите на Ливерпул во еден хуманитарен натпревар. Ако ме поканат, ќе бидам таму, изјави Фирмино за „Атлетик“.
Фирмино играше за Ливерпул од 2015 до 2023 година, забележа 362 настапа за клубот, постигнувајќи 111 голови.
август 30, 2026
