Фудбал
Рули нов голман на Манчестер сити
Манчестер сити попладнево го објави потпишувањето на голманот Херонимо Рули од Марсеј.
Триесет и четиригодишниот Аргентинец потпиша двегодишен договор до летото 2028 година.
– Ова е фантастична можност и морав да ја искористам. Сите знаат колку импресивен клуб се. Сите со кои разговарав за Сити ме советуваа да се приклучам бидејќи стандардите се неверојатно високи. Секој професионалец сака да биде во таква средина. Едвај чекам да почнам – знам дека ќе растам и ќе учам, а тоа е секогаш мој врвен приоритет, изјави Рули по доаѓањето во својот нов клуб.
Претходно голманот помина време во Манчестер Сити во сезоната 2016/17, но немаше ниту еден настап за сениорскиот тим. Пред да се приклучи на Марсеј, тој играше и за Реал Сосиедад, Виљареал, Естудијантес, Ајакс, Монпелје и Јонг Ајакс.
Во сезоната 2025/26, голманот одигра 39 натпревари прими 52 гола и ја зачува мрежата чиста на девет натпревари.
„Трансфермаркт“ ја проценува неговата трансфер вредност на шест милиони евра.
август 13, 2026
