Фудбал
Молина потпиша за Рома
Рома попладнево го објави трансферот на аргентинскиот дефанзивец Нахуел Молина од Атлетико Мадрид.
Дваесет и осумгодишниот дефанзивец ќе го носи дресот со број 20 за италијанскиот тим.
Фудбалерот беше во мадридскиот клуб од јули 2022 година. Неговиот договор со Атлетико имаше важност до 2027 година.
Претходно, Молина играше за Удинезе, Бока Јуниорс, а помина време на позајмица во Дефенса и Хустисија и Росарио Централ.
За Атлетико Мадрид и Удинезе, играчот има 249 настапи и постигна 19 голови. Молина одигра 65 натпревари за репрезентацијата на Аргентина и со нив го освои Светското првенство во Катар во 2022 година, како и две титули на Копа Америка (2021 и 2024 година).
август 13, 2026
