Фудбал
Клубот на македонската заедница Престон Лајонс го освои австралискиот Докерти куп
Најпознатиот фудбалски клуб на македонската заедница во Австралија, Престон Лајонс, втор пат во клупската историја го освои престижниот Докерти куп, триумфирајќи изутринава во финалето во Мелбурн со 3-1 над големиот ривал од грчката заедница Хајделберг Јунајтед.
Финалето, кое се одигра пред преполни трибини на стадионот „Лејксајд“ и под засилени безбедносни мерки, донесе тензии на теренот од самиот почеток, а Престон Лајонс до триумфот дојде со пресврт.
Хајделберг поведе во раната фаза од натпреварот со погодокот на Николас Дуарте, но до крајот на првото полувреме, Зак Чанчи и Стефан Зини му донесоа водство на Престон Лајонс, а големиот триумф го запечати Лука Тевере во судиското продолжение.
За Престон Лајонс ова е втор трофеј во Докерти купот по премиерниот успех во 1992 година кога клубот основан во1948 година од македонски доселеници во Мелбурн настапуваше под името Престон Македонија.
Триумфот во Докерти купот доаѓа само две недели по сензационалната победа на Престон Лајонс од 3-2 во националниот Куп на Австралија над бранителот на трофејот Њукасл Џетс и пласманот о осминафиналето.
август 10, 2026
