Свет
Во војната во Украина се оштетени или уништени 2.000 споменици и 2.600 културни институции
Вкупно 1.990 објекти од културното наследство и 2.625 културни институции во Украина се оштетени или уништени од почетокот на војната со Русија, објави денеска украинското Министерство за култура.
Според податоците на министерството, само 90 објекти се додадени на листата на штети, пренесува Суспилне.
Од вкупниот број оштетени места од културното наследство, 192 имаат статус на споменици од национално значење, 1.605 се од локално значење, додека 193 се новооткриени места.
Вкупно 47 згради се уништени.
Најоштетените локации се регистрирани во регионите на Харков – 358, Херсон – 303, Киев – 272, Донецк – 229 и Одеса – 211.
Министерството објави дека во текот на јули е нанесена нова штета на објекти во историскиот центар на Одеса, кои се наоѓаат на листата на светско наследство на УНЕСКО, како и на споменици во регионите Киев, Суми, Харков и Запорожје.
Има и повторени напади врз веќе оштетени објекти.
Според податоците на министерството за реконструкција, културните институции се оштетени во 354 територијални заедници, што претставува околу 24 проценти од сите заедници во Украина.
Меѓу оштетените институции 906 се библиотеки, од кои 228 се целосно уништени, 196 уметничко-образовни установи – 25 уништени, 141 музеј и галерии – 20 уништени, 56 театри, кина и филхармониски сали – четири уништени, 13 паркови и зоолошки градини – два уништени, како и девет природни резервати, три циркуси и филмско студио во Киев.
август 7, 2026
