Хроника
Уапсен е 19-годишниот возач кој прегази жена во Ѓорче и избега
Уапсен е возачот кој завчера во Скопје со “фиат пунто” удри жена пешак и избега од местото на настанот. Станува збор за 19-годишник.
Како што информираа од МВР, уапсен е Н.Н.(19) од Скопје затоа што завчера (05.08.2026) во 21:20 часот на крстосница од ул.„Борис Сарафов“ и ул.„Крсто Раковски“ во Скопје, со патничко возило „фиат пунто” удрил во 48-годишната А.С.К. од Скопје и го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С.К., констатирани во ЈЗУ ГOБ “8 Септември“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и веднаш се преземени мерки за пронаоѓање на возачот и возилото.
По насоки на јавен обвинител, Н.Н. е задржан во полициска станица, возилото е одземено и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
август 7, 2026
